Линкови за пристапност

Русија се заканува дека ќе ги откаже разговорите со НАТО заради воените вежби во Грузија


Руски новински извештаи објавија дека високиот пратеник на земјата во Брисел се закани дека нема да присуствува на средбата на воените команданти на НАТО во мај, доколку западната Алијанса не ги откаже планираните воени вежба во поранешната советска република Грузија.

Постојаниот претставник во НАТО Дмитри Рогозин за московската телевизија Вести рече дека владата чека на одговор од НАТО за протестот на Москва против воените маневри, пред да донесе одлука за конечна акција.

НАТО соопшти дека вежбата во која се вклучени 1300 војници од 19 земји е одамна договорена и не треба да се доживува како изненадување за Москва.

Министерскиот совет НАТО-Русија е закажан за 19-ти мај, додека воената вежба треба да се одржи од 6-ти мај до 1-ви јуни.

Русија со Грузија војуваше во куса војна во 2008-ма, и постојано протестира против обидот на НАТО за влез на Грузија и Украина во Алијансата.

XS
SM
MD
LG