Линкови за пристапност

Обама гледа можности со Куба и Венецуела


Американскиот претседател Барак Обама вели дека гледа позитивни знаци во природата на американските односи со Куба и Венецуела.

Обама на крајот на Самитот со јужноамериканските држави во Тринидад и Тобаго, во неделата кажа дека постои можност за отворен дијалог по голем број прашања, вклучувајќи ја демократијата и човековите права. Но, тој додаде, дека „тестот за сите нас не е само во зборовите, туку и во делата."

Обама олесни некои од трговските и ограничувањата за патување во однос на Куба, и кажа дека 47-годишното ембарго на островот не донело резултати.

Тој исто така рече дека Куба мора да покаже дека е подготвена да ги подобри односите со САД преку преземање акции како ослободување на политиччки затвореници и намалување на таксите на пари што се испратени од кубански Американци на нивни роднини, дома, во Куба.

На самитот на Западната хемисфера Обама зборуваше со неколку латио-американски лидери критични за американската политика, вклучувајќи го и претседателот на Венецуела, Хуго Чавез.

Чавез во неделата кажа дека неговата држава и САД имаат политичка волја да работат заедно на поправање на релациите. Претседателот на Венецуела предложи повторно да биде испратен амбасадор во Вашингтон за обнова на нормалните односи. Двете држави ги протераа претставниците на другата држава во септември.

Многу регионални лидери изразија надеж дека американските односи со Латинска Америка ќе се подобрат за време на мандатот на Обама.

И покрај добрите моменти, 34-те држави присутни на Самотот не успеаја да се договорат за конечната декларација.

Група левичарски претседатели, меѓу кои и Чавез, одбија да го потпишат документот, велејќи дека тој не го содржи изземањето на Куба од самитот и не дава решенија за глобалната економска криза.

XS
SM
MD
LG