Линкови за пристапност

Клиника за надеж: За многу Американци здравственото осигурување е недостапно


Трошоците за здравствена заштита се преголеми за многу Американци и претседателот Барак Обама предвидува помош од два трилиони долари за приватниот здравствен сектор на САД. Тој сака да се зацврсти здравствената заштита што многу Американци го добиваат на работните места, а за оние, пак, кои немаат никаква здравствена заштита, таа да стане подостапна.

На клиниката Community of Hope или Заедница за надеж, во Вашингтон, доаѓаат лица кои се главно имигранти.

Медицинската сестра Лаура Ворби вели дека многумина работат ниско платени работи или се хронично невработени. Оние кои имаат работа, најчесто се во економски сектори кои не обезбедуваат осигурување, како на пример за работни места од типот на чување деца, чистење, градежништво, возење такси или работа во ресторани.

Калима Васило дошла во клиниката со нејзините деца. Неодамна нејзиниот сопруг бил отпуштен. Таа е од Бенин и живее во САД веќе три години. Таа вели – ако немаш пари, не е лесно да имаш добро здравствено осигурување.

Непрофитната клиника обезбедува здравствена заштита веќе 25 години. Пред неколку години, се пресели во населба во Вашингтон, каде живее мешавина од бројна латино-американска и афро-американска полулација.

Community of Hope ефтино ги наплаќа услугите со цел да им помогне на лицата со ниски примања, кои имаат мало или никакво здравствено осигурување. Никој не е вратен кој дошол на овие врати. Клиниката обезбедува основна медицинска заштита за болести како настинка и грип и обезбедува стоматолошки услуги.

Стоматологот Соња Мартин Самуелс вели дека има зголемен број пациенти кои мора да чекаат подолго време за преглед зашто бројот на лица кои немаат многу да платат е голем и сеуште се зголемува заради падот на американската економија.

Роберт Чамберс има дијабетис. Тој е пациент и член на бордот директори кои ја надгледува работата на клиниката. Се надева дека реформите во здравствениот систем на претседателот Обама наскоро ќе станат реалност.

Трошоците треба да бидат на разумна основа и секој да може да има здравствена заштита, вели тој.

Многу пациенти кои овде доаѓале со години сега ги носат и нивните деца. И не е лесно сите да добијат навремено внимание, зашто листата на чекање е долга.
XS
SM
MD
LG