Линкови за пристапност

Контроверза по поканата за настап на Обама на Универзитетот Нотердам


Одлуката на Универзитет Нотердам од сојузната држава Индијана американскиот претседател Барак Обама да се обрати пред дипломците предизвика контроверза.
Особено активистите против абортусот се противат на иницијативата и планираат протести.

На претседателот Обама планирано е да му биде врачена и почесна диплома од овој Универзитет, а обраќањето е закажано за 17-ти мај.

Комбинацијата на поддршката на Обама на правата за абортус и статус на Нотердам како еден од водечките римокатолички универзитети во САД, ги мобилизираше групите кои се против абортусот да се спротистават на поканата.

Рендел Тери е основач на „Операцијата спас“. „Нотердам да го покани Обама, значи да му даде платформа, потврда за тоа што има постигнато, како и да му даде легитимитет и кредибилитет“, вели оваа активистка.

Тери зборуваше во името на многумината насобрани за време на демонстрациите пред Белата куќа. Двајца од демонстрантите носеа маски на Обама покриени со вештачка крв. За време на говорот на американскиот претседател во мај, планирани се дополнителни протести.

Свештеникот Томас Рис е експерт за американскиот католицизам на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Тој вели дека појавувањето на Обама на Нотердам, станало трн во око за многу активисти против абортусот и конзервативни католици. „Ова само поттикнува дополнителни дебати и дискусии“, вели Рис.

Во меѓувреме, иако некои од студентите ќе им се придржуват на планираните протести, многумина се чини дека со нетрпение го очекуваат говорот на претседателот.

Обама за време на изборите во ноември освои 54 проценти од гласовите на католиците. Сепак, некои конзервативни католици не се задоволни со неговата одлука да ја преиначи политиката на администрацијата на претседателот Буш на ограничување на истражувањето на клетките што поттикнуваат развој и финансирање на напорите за планирање на семејство во странство.

Но, експертите подвлекуваат дека постојат области каде интересите на администрацијата на Обама и многумина католици, се совпаѓаат.

Свештеникот Дејвид Холенбах, професор по теологија на Колеџот Бостон, вели:

„Прашањата поврзани со мирот и ставање крај на војната во Ирак, во голем дел се совпаѓаат со ставовите на Папата и Американските католички бискупи“.

И покрај тоа, актитвистите против абортусот како Рендал Тери на посетата на претседателот Обама на Нотердам гледаат како на шанса да се разгори движењето против абортусот, како и социјално-конзервативната кауза воопшто.
Католичката црква е против абортусот во рамки на својата доктрина. Сепак, велат експертите, американските католици и натаму се поделени по прашањето и ова е така подолго време.

Свештеникот Рис од Универзитетот Џорџтаун ја поддржува поканата на Обама да говори на Нотердам. Тој вели дека посетата ќе значи и можност за конструктивен дијалог и дебата.

„Колеџите и универзитетите треба да бидат местата каде ќе се случат дебатите, каде ќе бидат изложени аргументи, каде ќе има дијалог за важните прашања со кои се соочува нашата земја, а абортусот е едно од тие прашања“, истакна свештеникот Рис.

Обама ќе биде шестиот американски претседател кој ќе има свое обраќање пред дипломците, следејќи го примерот на поранешните претседатели Двајт Азенхауер, Џими Картер, Роналд Реган, Џорџ Херберт Вокер Буш и Џорџ Вокер Буш.

XS
SM
MD
LG