Линкови за пристапност

Нови документи за употреба на сурови методи на испрашување


Четири новообјавени меморандуми откриваат информации за сурови техники на испрашување применувани од ЦИА цо време на бушовата администрација спрема осомничени за тероризам.

Меѓу тие техники, објавени во документи од Одделот за правда, се пластични синџири за врат со кои неколкупати се удирал затвореникот од ѕид, затворање на притвореникот во кутија со инсекти, држење на приведените без облека и нивно принудување да стојат во незгодни позиции. Имало и одобрение за шлаканици, како и за техника со која се симулира давење.

Во соопштение, американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата администрација нема да гони агенти кои извршувале жестоки испитувања, но ја остави можноста отворена за гонење на сите кои дејствувале без наредба.
Мајкл Хајден, кој беше на чело со ЦИА во тоа време од претседателствувањето на Џорџ Буш, остро го отфрли објавувањето на информации во јавноста, истакнувајќи дека странски влади ќе мислат дека ЦИА не може да чува тајна и дека затоа најверојатно сега помалку ќе соработуваат со САД.

Актуелниот директор на ЦИА, Леон Панета, објави соопштение во кое стои дека сега има нова политика и се изјасни против гонење на оние кои извршувале такви техники на испрашување што биле одобрени во тоа време.

Групата за заштита на човековите права Амнести Интернешенал го поздрави објавувањето на документите, но ја критикуваше одлуката на владата да не ги смета за одговорни оние кои извршиле, како што се вели - акти на тортура.

XS
SM
MD
LG