Линкови за пристапност

Обама и Калдерон ветија засилена соработка 


За време на церемонијата за добредојде за претседателот Обама, двајцата претседатели кажаа дека ќе работат заедно за зајакнување на односите меѓу САД и Мексико. Обама кажа дека сега е поважно од кога и да е двете држави да работат заедно за време на глобалната рецесија.

"Не само за обновување на економскиот растеж во Мексико и во САД, туку да се обезбеди одржливост на тој растеж и дека оди од долу нагоре, за секој млад човек овде во Мексико и во Америка да има можност да го оствари својот сон", кажа Обама.

Подоцна, на прес конференција, претседателот Фелипе Калдерон кажа дека заедничка ќе биде и борбата против илегалната дрога.

Претседателот Обама ги фалеше напорите на Мексико за справување со картелите за дрога.

Но насилството во последно време се шири и преку границата – во САД. Обама кажа дека САД ќе го завршат својот дел од работата: "Побарувачката на дрога во САД им помага на овие картели да останат во бизнис. Оваа војна се води со оружје купено не овде, туку во САД. Повеќе од 90 проценти од оружјето откриено во Мексико доаѓа од САД, а многу од продавници на заедничката граница."

Тој рече дека ќе работи на прекинување на протекот на оружје кон Мексико.

Обама зборуваше и за илегалната имиграција во САД. Тој кажа дека е решен да го поправи, како што рече, расипаниот систем. Обама кажа дека сака да промовира економски растеж во Мексико, за Мексиканците да останат во нивната земја.

Двајцата лидери објавија билатерална рамка за борба против климатските промени и за промовирање на обновлива енергија што е компатибилна со заштитата на човековата средина.

XS
SM
MD
LG