Линкови за пристапност

2009 е загубена година, вели шефот на ММФ


Доминик Штраус Кан, првиот човек на ММФ, вели дека до крајот на годината глобалниот развој ќе биде негативен, а работите ќе тргнат на подобро можеби во 2010, само доколку државите работат заедно на политика за надминување на рецесијата:

"2009 ќе биде лоша година, без оглед што сега се случува, таа е загубана. Глобалниот развој ќе биде длабоко негативен. И идејата дека сега навистина се соочуваме со првата глобална криза, мислам дека е јасна на сите. "

Поранешниот француски министер за финансии во Националниот прес клуб во Вашингтон им кажа дека опоравувањето ќе зависи од кохерентна и координирана акција од меѓународната заедница.

Штраус-Кан вели дека опаѓањето на економијата најмногу ќе се почувствува во државите во развој кај кои има големо намалување на побарувачката за извоз.

Тој вели дека ова се заканува да го поништи тоа што е постигнато последнава деценија на пазарите во развој, но уште повеќе во економиите со слаби приходи.

Без итна акција за одмрзнување на кредитните пазари Штраус-Кан кажа дека напорите за поттик на глобалната побарувачка нема да успеат, што би можело да донесе милиони луѓе назад во сиромаштија.

Тој ја пофали неодамнешната средба на Г-20 во Лондон како голем успех, велејќи дека ветувањето на светските лидери за решавање на глобалниот проблем се добри вести.

Минатиот месец ММФ предвиде дека светската економија може да се намали од половина до еден процент. Оваа водечка финансиска институција подоцна месецов, пред својата пролетна средба, ќе донесе свежа прогноза.

XS
SM
MD
LG