Линкови за пристапност

Американски нуклеарни набљудувачи ја напуштија Северна Кореја


Четворица американски експерти за нуклеарна енергија кои вршеа мониторинг во Северна Кореја, ја напуштија земјата согласно одлуката на тамошниот режим за нивно протерување.

Во четвртокот, група експерти од ОН заминаа од земјата откако ги отстранија набљудувачките камери пред нуклеарната постројка во Јонгбјон.
Владата во Северна Кореја ги протера инспекторите откако ОН усвоија соопштение во кое го осудија Пјонгјанг за неговото тестирање на проектил со висок дострел на 5-ти април.

Северна Кореја исто така се повлече од шест-страните разговори и најави рестартирање на производството на плутониум што може да се користи за нуклеарно оружје.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Роберт Вуд, изјави дека Северна Кореја ќе се соочи со последици за протерувањето на инспекторите.
Вуд рече дека Вашингтон предложил дополнителни санкции од ОН за време на средбата на Комисијата за санкции при ОН.

Комисијата има рок до 24-ти април да поднесе извештај за северно-корејските компании или технологии кои треба да бидат додадени на актуелната листа на санкции.

Земјите вклучени во разговорите за нуклеарно разоружување го повикаа Пјонгјанг да се врати на преговарачка маса. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе патува за Северна Кореја следната недела на директни разговори со тамошниот режим.

XS
SM
MD
LG