Линкови за пристапност

Мичел: Единствено решение е постоење на две држави


Специјалниот американски пратеник за Блискиот исток изјави дека решението од две држави е единствена опција за израелско-палестинскиот конфликт, презентирајќи став од Вашингтон што е различен од оној на новата израелска влада.

Џорџ Мичел во петокот зборуваше со палестинскиот претседател Махмуд Абас и други официјални лица во Западниот брег.

Специјалниот пратеник се сретна со новото израелско националистичко раководство, кое изрази загриженост за идејата за палестинска државност. Премиерот Бенџамин

Нетанјаху истакна дека Израел не сака да управува со Палестинците, но предупреди дека политичкиот процес не смее да и дозволи на милитантната група Хамас, која ја држа власта во Газа, и и пркоси на палестинската управа, да ја прошири моќта.
Двајца високи лидери на Хамас се појавија на јавен настан за прв пат откако Израел лансираше офанзива во Газа во декември. Исмаил Ханија и Махмуд ал Захар проповедаа во две одделни џамии на палестинската територија.

XS
SM
MD
LG