Москва го повика НАТО да ги одложи воени вежби во Грузија кои се закажани за почетокот од следниот месец.
НАТО објави дека сепак вежбите ќе се одржат во Грузија од 6-ти мај до 1-ви јуни и на нив ќе учествуваат 1300 војници од 19 земји.
НАТО објави дека вежбите ќе имаат цел подобрување на координацијата меѓу членките на НАТО и нивните партнери.
Официјални лица велат дека воените вежби се планирани од лани и ќе се одржат на центар за обука на околу 20 километри од Тбилиси.
Русија гледа на Грузија како на дел од нејзиното подрачје на влијание и испрати војниците во земјата, откако Грузијците се обидоа да ја повратат контролата во регионот на Јужна Осетија.