Линкови за пристапност

Инспекторите на ОН заминаа од Северна Кореја


Инспекторите на ОН ја напуштија Северна Кореја откако Пјонгјанг им нареди да ја напуштат земјата и најави планови за рестартирање на производството на плутониум за нуклеарно оружје.

Тимот од меѓународната агенција за атомска енергија допатува во Пекинг од Пјонгјанг, но не говореше пред репортерите.
Инспекторите на ИАЕА заминаа од Северна Кореја откако ги отстранија набљудувачките камери пред нуклеарната постројка во Јонгбјон.

Американскиот Стејт департмент нареди четворица американски експерти, кои исто биле дел од набљудувачката мисија на Јонгбјон, да заминат по наредбата од Северна Кореја.

Претходно неделава, Советот за безбедност на ОН издаде соопштение во кое го осудува Пјонгјанг за лансирање проектили со долг дострел.

Северна Кореја возврати дека нема повеќе да учествува во шестстраните разговори за разоружување и најави планови за рестартирање на нејзината програма за нуклеарно оружје. Тензиите продолжија да ескалираат, иако учесниците во разговорите за разоружување ја повикаа Северна Кореја да се врати на преговарачка маса.

XS
SM
MD
LG