Линкови за пристапност

Кина ветува стабилна валута


Кина ветува дека јенот ќе го одржи на „пристојно и балансирано ниво“, откако САД се воздржаа да го наречат Пекинг манипулатор на својата валута.

Во денеска објавениот полугодишен извештај посветен на валутите на американските клучни трговски партнери, секретарот за финансии Тимоти Гајтнер, вели дека не постојат докази оти некој од партнерите извршил манипулација врз својата валута.

За време на распитот за негово потврдување на функцијата во јануари, Гајтнер изјави дека претседателот Барак Обама верувал оти Кина била „манипулатор“ на вредноста на својата валута, со цел да добие нечесни предности во трговската размена.

Сепак, во најновиот извештај, Гајтнер наведува дека Кина презела чекори за „интензивирање на флексибилноста на валутата.“

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џианг Ју денеска изјави дека Пекинг ќе продолжи со напорите за реформи поврзани со неговата валута.

XS
SM
MD
LG