Линкови за пристапност

Спасениот капетан на американскиот брод пристигна во Кенија


Капетанот на американскиот товарен брод кого пиратите го држеа во заложништво во крајбрежјето на Сомалија, денеска безбедно пристигна во Момбаса.

Ричард Филипс во Кенија беше пренесен со воениот брод „Беинбриџ“, со чија помош беше извршена спасувачката акција во неделата при што беа убиени тројца пирати.

Членовите на екипажот на товарниот брод во данска сопственост кој во Сомалија пловеше под американско знаме, денеска пристигнаа во САД. Бродот „Беинбриџ“ мораше да ја промени маршутата откако вчера беше нападнат уште еден американски товарен брод, втор во рок од една недела.

Екипажот на „Либерти Сан“ успешно го возврати нападот од страна на сомалиските пирати и безбедно пристигна во Кенија, доставувајќи ја планираната помош во храна за оваа земја.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во реакцијата за најновите инциденти вети нови напори за лоцирање и замрзнување на имотите на сомалиските пирати.

XS
SM
MD
LG