Линкови за пристапност

Работнички штрајк на денот за даноци во САД 


Американците денеска организараат симболично „пиење чај“ во знак на протест заради зголемување на даночните стапки и поголемата владина потрошувачка.

„Пиењето чај“ е планирано точно за 15-ти април, денот кога истекува рокот за за поднесување документација до владата за тоа колку од нивниот приход заработен изминатата година може да се оданочи.

Протестите се именувани по примерот на познатото „Пиење чај“ во Бостон во 1773 година, кога разлутени Американци во знак на протест заради британските колонијални даноци, во пристаништето исфрлиле тони англиски чај.

Претседателот Барак Обама во денешно обраќање повторно ја бранеше својата даночна политика, подвлекувајќи дека Конгресот усвоил мерка за намалување на даночните стапки за 95 проценти од американските работници.

Обама воедно законите поврзани со даноците во САД ги нарече „монструозни“, велејќи дека треба да се поедностават. Законите за американскиот даночен систем се толку сложени, што е потребно 7.500 страници само за нивно печатење.

XS
SM
MD
LG