Линкови за пристапност

Расте глобалната невработеност


Невработеноста бележи пораст ширум светот во време кога компаниите отпушаат повеќе вработени поради економската рецесија.

Најголемата швајцарската банка УБС АГ соопшти дека укинала 8700 работни места за намалување на трошоците ширум светот. Банката најави кратења откако обелодени загуби од 1, 6 милијарди долари во последниот квартал.

Во Истанбул, турскиот статистички институт соопшти дека 3, 65 милиони луѓе се водат како невработени во Турција. Бројката на невработени во Турција изнесува 15, 5 проценти.

Стапката на невработеност во Јужна Кореја во март се искачи на четири проценти, највисока во последните три години.
И во САД има отпуштања. Најголемиот производител на челик во светот ArcelorMittal SA најави отпуштање на 400 работници во една од фабриките во среднозападниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG