Линкови за пристапност

Нови отпуштања во „Јаху“


Според новинските извештаи, интернет компанијата „Јаху“ се подготвува за нова рунда отпуштања на своите вработени заради продолжителните проблеми со намалениот приход од реклами и зголемената конкуренција на пазарот.

Според извештаите, губењето на нови работни места можно е да биде соопштено наредната недела кога компанијата ќе го обелодени остварениот приход за првиот квартал од 2009 година. Ова ќе бидат први отпуштања откако Керол Барц во јануари ја презема функцијата извршен директор.

„Јаху“ има околу 13.600 вработени откако во 2008 отпушти 2.400 луѓе. Барц започна темелна реорганизација во компанијата која бележи забавен развој главно поради најголемиот конкурент „Гугл.“

Барц наводно е во преговори со софтверскиот гигант „Мајкрософт“ за евентуално партнерство.

XS
SM
MD
LG