Стотици авганистански жени денеска одржаа протест во Кабул заради новиот закон за кој велат дека ги ограничува правата на жените.
На демонстрантите им се спротиставила поголема група луѓе кои не се согласувале со нивите барања, извикувајќи навреди и обвинувајќи ги жените дека се под влијание на анти-исламските сили од странство.
Критиката вели дека со новиот закон, што се однесува само на авганистанското шиитско малцинство, во основа се легализира силувањето во бракот, со тоа што на жените им се забранува да одбијат секс со своите сопрузи, освен ако се болни. Според законот, на жените им се забранува и да ги напуштат своите домови без дозвола на нивните сопрузи.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди преиспитување на законот откако беше остро критикуван од страна на меѓународните организации и западните држави, вклучувајќи ги и САД.