Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вели дека Иран подготвува нов пакет предлози чија цел е решавање на меѓународниот спор околу неговата нуклеарна програма.
Ахмадинеџад истакна дека предлозите наскоро ќе бидат доставени до Западот.
Шест веле-сили вклучувајќи ги и САД, минатата недела соопштија дека би го повикале Иран да се приклучи на разговорите за неговата нуклеарна програма. Иранските медиуми во понеделникот го цитираа главниот ирански преговарач, кој изјавил дека Техеран е отворен за разговори.
Односите меѓу Иран и западните земји и натаму се затегнати поради нукеларната програма на Техеран, за која некои земји веруваат дека е наменета за воени цели. Иран сепак тврди дека сите негови нуклеарни активности се за мирнодопски цели.