Линкови за пристапност

Шефот за домашна безбедност ќе именува „пограничен цар“


Поранешниот американски државен правобранител, Алан Берсин се очекува да биде назначен на функцијата надзорник по прашањата поврзани со американско-мексиканската граница.

Според новинските извештаи, администрацијата на претседателот Обама ќе го назначи Берсин на таканаречената функција „пограничен цар“, во рамки на Одделот за домашна безбедност. Една од задачите на Берсин ќе биде креирање на политика по прашањата како илегалната имиграција и инцидентите меѓу картелите за дрога во Мексико, делумно поттикнати од илегалниот шверц со оружје од САД.

За време на администрацијата на Клинтон, Берсин беше државен правобранител во Сан Диего, Калифорнија, а беше назначан за „пограничен цар“ од тогашниот главен правобранител Џенет Рино.

XS
SM
MD
LG