Линкови за пристапност

Њујорк Тајмс: Администрацијата на Обама разгледува нов пристап спрема Иран


Весникот Њујорк Тајмс вели дека администрацијата на претседателот Обама ја разгледува можноста да ги отфрли барањата Иран да ги прекине активностите за збогатување на ураниум како услов за отпочнување на преговори со Техеран околу неговата нуклеарна програма.

Весникот додава дека Вашингтон и европските сојузници работат на предлози што би значеле голема промена во стратегијата на претходниот претседател Џорџ Буш. Претходната администрација бараше Техеран да стави крај на сите активности за збогатување на ураниумот пред да отпочне формални разговори.

Њујорк тајмс вели и дека САД и Европа би извршиле притисок врз Иран постепено да ја направи достапна својата нуклеарна програма за различни видови на инспекции, но би се дозволило Техеран да продолжи да збогатува ураниум за одреден период за време на разговорите.

Весникот наведува и дека доколку бидат усвоени, овие предлози ќе наидат на огромно негодување кај конзервативните критичари на претседателот Обама и кај новиот израелски премиер Бенџамин Нетанијаху.

XS
SM
MD
LG