Линкови за пристапност

Северна Кореја се закани дека ќе ги напушти шест-страните разговори


Северна Кореја најави дека ќе ги напушти шест-страните разговори за разоружување и ќе го зајакне нуклеарниот потенцијал во знак на протест против осудата од ОН за неодамнешното тестирање на проектил од страна на Пјонгјанг.

Министерството за надворешни работи објави соопштение кое го пренесе севернокорејската новинска агенција во кое се вели дека Пјонгјанг ќе ја рестартира програмата за нуклеарно оружје.

Во соопштението се наведува дека тоа е реакција на одлуката на Советот за безбедност на ОН со која се осудува неодамнешното тестирање на ракетен проектил врз јапонската територија.

Русија се произнесе дека жали за одлуката на Северна Кореја, додека Кина повика на смирување на страстите кај сите страни.

Москва, заедно со Пекинг, ја блокираше одлуката на Советот за безбедност за усвојување формална резолуција, но поддржаа претседателско соопштение, кое нема моќ на резолуција и не може да поддржи таков акт.

XS
SM
MD
LG