Линкови за пристапност

Демонстрациите во Тајланд го губат здивот


Лидерите на протестите повикаа на мирен прекин на демонстрациите додека воените сили го стеснуваа обрачот на околу 2.000 демонстранти кои и натаму се наоѓаа пред комплексот владини згради.

Симпатизерите на симнатиот од власт премиер Таксин Шинаватра беа во шатори пред неговата канцеларија со недели во обид да го натераат да поднесе оставка и да распише предвремени избори.

Премиерот Абхисит Веџаџива ги отфрли двете можности.

Демонстрациите кои започнаа минатиот месец излегоа од контрола вчера кога по уличните судири загинаа две лица, а преку 100 беа повредени.


XS
SM
MD
LG