Линкови за пристапност

Обама најавува справување со пиратите во Сомалија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе сторат се` што е во нивна можност за прекин на пиратските активности на сомалиското крајбрежје.

Обама ова го кажа еден ден откако американската морнарица успеа да го ослободи капетанот на товарниот брод кој сомалиските пирати од средата го држеа во заложништво.

Претседателот ги пофали напорите на армијата за ослободување на Ричард Филипс и истакна дека САД ќе соработуваат со другите земји за заштита на рутите близу Африка кои служат за пренос на материјали и добра.

Обама не одговори на заканите на сомалиските пирати кои рекоа дека ќе се одмаздат заради убиството на тројца членови од нивната група, при вчерашната спасувачка акција.

Пиратите денеска изјавија дека САД се сега нивни непријател и доколку фатат во заложништво кој било Американец, можно е да го убијат.

XS
SM
MD
LG