Линкови за пристапност

Концерт во Вашингтон во чест на оперската пејачка Мериен Андерсон


Вчера пред споменикот на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн во Вашингтон, се оджра концерт во чест на 70-та годишнина од историскиот концерт на оперската пејачка од афро-американско потекло Мериен Андерсон.

Неколку илјади љубители на операта имаа можност да го проследат настапот на Денис Греивс, која испеа три од нумерите што Андерсон ги изведе за време на концертот во 1939 година – "America," "O, Mio Fernando," и "Ave Maria."

Андерсон го извела историскиот концерт на скалите пред споменикот на Линколн, откако поради нејзината расна припадност, тоа не и било дозволено да го стори во најголемата сала за концерти во Вашингтон, "Constitution Hall."

Еленор Рузвелт, сопругата на претседателот Френклин Рузвелт, била меѓу луѓето кои и` помогнале на Андерсон да го организира настапот пред споменикот на Линколн.

XS
SM
MD
LG