Линкови за пристапност

Американски војник кому му се суди за убиство со умисла на ирачки затвореници се изјасни дека не е виновен


Американски војник кому му се суди во армиски објект во Германија, се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за убиство во стил на егзекуција на четворица ирачки затвореници во 2007.

Полковникот Џон Хатли се соочува со доживотна казна затвор без право на помилување. Тој е обвинет за убиство со умисла, заговор да изврши такво дело и за прекршување на правото.

Хатли е трет војник кому му се суди за убиство со умисла по обвиниенијата за егзекутирање на Ирачани во задниот дел на главата по што нивните тела биле фрлени во канал во Багдад.

Минатиот месец, полковникот од прва класа, Џозеф Мајо се изјасни за виновен за убиство со умисла и заговор да изврши такво убиство. Нему му беше изречена казна затвор во траење од 35 години.

Во февруари, воен суд му одреди доживотна казна затвор со право на помилување на полковникот Мајкл Лихи, откако признал дека убил еден од затворениците.

XS
SM
MD
LG