Американската државна секретарка Хилари Клинтон скептична за најновото тврдење на официјален Техеран дека Иран напреднал во својата нуклеарна програма со развивање на капацитетот за збогатување на ураниум.
Клинтон коментираше дека Вашингтон не знае на што да верува во врска со иранската програма, бидејќи во текот на изминатите години биле изнесени многу различни тврдења. Но, таа ја подвече потребата Иран да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН. Таа кажа дека најновите ирански најави не влијаат на намерата на САД да учествуваат во меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма.
Во четвртокот, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја отвори првата иранска фабрика за нуклеарно гориво, а главниот нуклеарен преговарач рече дека во земјата оперираат 7.000 нуклеарни центрифуги, за 1.000 повеќе од претходно соопштеното.