Линкови за пристапност

Обама побара од Конгресот 83 милијарди долари за операциите во Ирак и Авганистан


Претседателот Барак Обама официјално побара од Конгресот дополнителни 83 милијарди долари за трошоците на војните во Ирак и Авганистан оваа година.

Во писмото до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, Обама вели дека безбедносната ситуација во Авганистан и соседен Пакистан бара итно внимание. Претседателот планира најголем дел од средствата - речиси 95 проценти - да бидат потрошени на обидот за поразување на Ал-Каида во Авганистан и Пакистан, како и на поддршка на американсикте војници во Ирак, кои ги префрлаат безбедносните обврски на Ирачаните.

Претседателот претходно најави дека планира да повлече најголем дел од американските сили од Ирак до крајот на 2010-та, како и да го зголеми нивниот број во Авганистан.

Обама во писмото наведува дека „ова е последно дополнително барање за воени трошоци", подвлекувајќи дека Конгресот од 2001-ва седумнаесетпати одобрил итни трошоци за Ирак и Авганистан. Тој наведува и дека армиските трошоци не треба да се нарекуваат итни трошоци, како и дека е време да се стави крај на „ерата на неодговорност во Вашингтон" што вклучила „години на буџетски измами и неодговорно трошење".

Во барањето се вклучени и невоени трошоци, како 350 милиони долари за зголемување на безбедноста на американско-мексиканската граница.

XS
SM
MD
LG