Линкови за пристапност

Се усложнува заложничката драма крај брегот на Сомалија


Поморски претставници во Источна Африка велат дека сомалиските пирати испратиле неколку грабнати бродови со десетици заложници на местото каде се одвива заложничката драма со американскиот капетан Ричард Филипс. Пиратите наводно сакаат да ги искористат донесените заложници како жив штит и се заканија дека ќе го убијат Филипс доколку бидат нападнати, а бараат откуп за неговото ослободување.

Американски армиски претставници велат дека капетанот на американскиот товарен брод „Маерск Алабама", кого од средата како заложник го држат пиратите во близина на брегот на Сомалија, во петокот се обидел да избега, но пиратите повторно го фатиле.

Американскиот воен брод „Беинбриџ" веќе два дена се наоѓа на отворено море во близина на чамецот за спасување во кој се капетанот и пиратите. Преговорите за негово ослободување се во тек. Претставници на Пентагон јавија дека во областа пристигнал и бродот „Халибартон", опремен со хеликоптери.

Пиратите во средата накусо го грабнаа бродот „Маерск Алабама" во данска сопственост што пловел под американско знаме. Бродот пренесувал хуманитарна помош за Кенија. 20-члениот екипаж потоа успеа да ја врати контролата врз бродот, но пиратите го грабнаа капетаност и побегнаа во чамец за спасување.

XS
SM
MD
LG