Линкови за пристапност

„Пума“ – ново, алтернативно возило на „Џенерал Моторс“ и „Сегвеј“ 


Поради економската криза е принуден да размислува дури и на банкротирање, но автомобилскиот гигант „Џенерал Моторс“ (ГМ) во соработка со компанијата за скутери „Сегвеј“ развива мало електрично возило – ефтина, брза, и еколошка алтернатива за возење во град.

„ГМ“ и „Сегвеј“ тврдат дека новото возило „Пума“ е иднината на сообраќајот. Има две тркала и исто толку седишта, а со едно напојување на батеријата може да мине 56 километри. Наменето е за куси градски дистанци – токму оние што не се ниту за пешачење, ниту за автомобил.

-За жителите на еден град е важно да стигнат каде наумиле брзо, брз да се грижат дали ќе најдат паркинг, вели Дејв Ранд, одговорен за дизај во компанијата.

„Пума“ е дел од проектот на „ГМ“ за развивање на економични возила. Лери Барнс е на чело на Оделот за истражување и развој:

-Економичноста и намалувањето на загадувањето не само што се потреба, туку стануваат и модерни.

Пума“ е дизајнирана само за возење во град, а дизајнот се` уште се довршува. Финалниот продукт ќе биде достапен за купувачите за неколку години.

XS
SM
MD
LG