Линкови за пристапност

Самерс прогнозира дека економскиот „слободен пад“ наскоро ќе заврши


Економскиот советник на Белата куќа Лоренс Самерс смета дека претставата за економскиот „слободен пад" ќе исчезне за неколку месеци, како што се` повеќе ќе се чувствуваат резултатите од владиниот пакет за стимулирање на економијата.

Самерс на излагање во Вашингтон рече дека сепак се`уште не е јасно колку скоро и колку брзо економијата ќе започне да се движи во позитивна насока. Степенот на обнова ќе зависи од глобалната економија, потрошувачката психологија, и од тоа колку добро владата на претседателот Барак Обама ја остварува економската програма, смета Самерс.

Обама во четвртокот кажа дека милиони Американци би можеле да заштедат пари користејќи ја рекордно ниската каматна стапка за рефинансирање на кредитите за своите домови, што сега изнесува 4.78 проценти. Тој ги повика сопствениците на домови да ги искористат и новите владини програми наменети за помош на луѓето кои отплаќаат вакви кредити.

Проблемите на американскиот пазар за домување играа клучна улога во предизвикување на рецесијата што потоа се прошири и во светот.

XS
SM
MD
LG