Линкови за пристапност

Иран објави нуклеарен напредок


Иран објави дека постигнал значителен напредок во нуклеарната програма - отворање на фабрика за нуклеарно гориво, како и подобар начин за збогатување на ураниум.

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека неговата земја тестирала две нови центрифуги за збогатување на ураниум со поголем капацитет. Тој говореше во Исфахан, кусо време откако свечено ја отвори првата иранска фабрика за нуклеарно гориво.

Иранскиот претставник за нуклеарни прашања Голмреза Агзадех соопшти дека Иран инсталирал околу 7.000 центрифуги во комплексот за збогатување на Ураниум во Натанц, што е за 1.000 повеќе од претходно соопштеното.

Запрашан за коментар, портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд рече дека Иран има право на цивилна нуклеарна програма, но дека тоа со себе носи одговорност. САД во средата најавија дека ќе се приклучат на Британија, Франција, Русија, Кина и Германија кои го поканија Иран на директни, официјални разговори за нуклеарната програма, а за која претпоставуваат дека можеби е со цел да создаде нуклеарно оружје.

Советник на Ахмадинеџад кажа дека Техеран ќе ја разгледа поканата и потоа ќе одлучи како да одговори.

XS
SM
MD
LG