Линкови за пристапност

Во САД невработеноста расте 11-та недела по ред


Бројот на Американци кои примаат долготрајна помош поради невработеност минатата недела постигна нов рекорд. Според денешните податоци од владиниот Оддел за труд, над 5,8 милиони лица примаат помош подолго од една недела. Ова е 11-та недела по ред како расте невработеноста.

Но, и покрај забавената економија, американската влада и натаму вработува - во моментов нуди преку 47.000 работни места ширум светот преку својата Интернет-страница (www.usajobs.com). Од Бирото за статистика на работната сила велат дека федералната влада примила 87.000 лица во периодот декември - јануари - февруари.

XS
SM
MD
LG