Линкови за пристапност

Ким Јонг-Ил по подолго време се појави во јавноста


Севернокорејските медиуми емитуваа снимки од претседателот Ким Јонг Ил како присуствува на седница на националното собрание – негово прво појавување во јавноста по наводните здравствени проблеми. Според американски и јужнокорејкси претставници, Ким во август минатата година претрпел мозочен удар.

Севернокорејската новинска агенција соопшти дека Собранието повторно го избрало Ким за водач на комунистичката држава. 67-годишниот Ким, носејќи го препознатливиот работнички костум, во Собранието беше дочекан со овации и аплауз.

Сонраниската седница се одржа само неколку дена по контроверзното лансирање на ракета во Северна Кореја, за која официјален Пјонгјанг тврди дека е комуникациски сателит. Јужна Кореја, Јапонија и САД, пак, велат дека лансирањето всушност било тест за капацитетот на проектил од долг домет.

XS
SM
MD
LG