Линкови за пристапност

„Вол стрит џурнал“:  кибернетски упад во американската електрична мрежа


Според весникот „Вол стрит џурнал“, шпиони преку Интернет успеале да навлезат во контролните системи на американска мрежа за електрично напојување и вградиле комјутерски програми што би можеле да се искористат за попречување на снабдувањето со електрична енергија.

Во извештајот на весникот се пренесуваат актуелни и поранешни претставници за национална безбедност, според кои шпионите се од Кина, Русија и други земји. Виш претставник на американското разузнавање наводно вели дека Кинезите и Русите се обиделе да изработат мапа на американската инфраструктура.

Весникот наведува и дека вградените комјутерски алатки можеле да биде искористен за уништување на инфраструктурни елементи, а официјални лица се загрижени дека тие можеле да се употребат во време на војна или криза. Сепак, во извештајот се цитираат официјални претставници дека не постои непосредна закана. Според весникот, руски и кинески официјални лица порекнале секаква вмешаност во кибернетско шпионирање.

XS
SM
MD
LG