Линкови за пристапност

Американскиот екипаж на товарниот брод грабнат од сомалиски пирати ја вратил контролата


Американски претставници за одбрана велат дека екипажот на киднапираниот товарен брод во данска сопственост, што пловел под американско знаме, успеал да ја врати контролата врз него, но дека ситуацијата се` уште не е целосно разрешена.

Според новинската агенција Асошиетед Прес, која по телефон контактирала еден член на екипажот, капетанот на бродот и натаму е во заложништво во чамец за спасување во близина на бродот и во тек се преговори за негово ослободување. Новинските агенции цитираат американски лица дека екипажот претходно заробил еден од пиратите, што им овозможило да преговараат за нивно ослободување.

Бродот „Маерск Алабама“со 17.000 тони носивост бил грабнат во средата на околу 450 километри југоисточно од Ил, град во северниот регион на Сомалија, додека бил на пат за Кенија. На него се наоѓале 20 американски државјани.

„Маерск Лајн“, американската филијала на данскиот сопственик на бродот, не беше во можност да потврди дека бродот е повторно под контрола на американскиот екипаж.
Ова е шести брод грабнат во регион во период од една недела.

XS
SM
MD
LG