Линкови за пристапност

Расте бројот на жртвите од земјотресот во Италија


Спасувачките екипи и натаму извлекуваат тела на загинати во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија, додека продолжуваат последователните потреси и гасне надежта дека има преживеани.

Според италијанска новинска агенција АНСА, бројот на жртви во градот Аквила и околните места во планинскиот регион Бруци нараснал на 272. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони соопшти дека 16 од загинатите се деца. Приближно 28.000 лица се без покрив над главата, од кои 17.000 во моментот живеат во шатори во Аквила. Берлускони најави нов закон со построги казни за ограбувачите на подрачја погодени од природни катастрофи.

Денес започнаа погреби на дел од загинатите. Во петок е планиран масовен државен погреб.

Папата Бенедикт најави дека планира да го посети местото на настанот што е можно поскоро. Ватикан соопшти дека тоа ќе се случи кусо време по Велигденските празници во недела.

XS
SM
MD
LG