Ги нарекуваат родео кловнови, но имаат нималку забавна задача. Се борат со биковите, не јавајќи на нив, туку директно, очи-в-очи. Кога родео-јавачот ќе падне од бикот, на сцена стапуваат родео кловновите - го привлекуваат вниманието на бикот. Мајк Мур знае за тоа од прва рака. Вели, кловновите неколкупати му го спасиле животот:
-Кога ќе паднете од бикот, неговиот гнев е насочен на вас. Тогаш кловновите наместо вас го примаат гневот на себе.
Кловнот Кори Вол става малку шминка, главно за да ја забавува помладата публика. За себе смета дека е атлет, борец со специјална задача:
-Борејќи се со биковите, им даваме време на јавачите да излезат од арената.
Професијата е опасна, така што
кловновите носат соодветна заштита.
Лион Кофи е познат кловн на најголемото
родео во светот, во Хјустон, сојузната држава Тексас. Тој го сака балансот меѓу спасување на
јавачите и забавување на посетителите:
-Ако насмеете некого, направите да се забавува и за момент заборави на проблемите - тоа е одлична работа.
Кори Вол признава дека нема да се збогати од професијата, но не би ја менувал. Вели, едноставно ја сака одговорноста да ги спасува родео јавачите.