Линкови за пристапност

Сомалиските пирати киднапираа дански товарен брод


Американската морнарица соопшти дека сомалиските пирати киднапирале карго брод во данска сопственост кој пловел под американско знаме.

Портпаролот Џејн Кембел изјави дека бродот во данска сопственост бил киднапиран денеска на околу 450 километри југоисточно од Ил, град во северниот регион на Сомалија.
На бродот идентификуван како „Маерск Алабама со 17.000 тони носивост, се наоѓале 20 американски државјани и бил упатен за Момбаса, Кенија.

Ова е шест брод киднапиран во овој регион во период од една недела.

САД и другите земји испратија воени бродови во близина на Сомалија кон крајот на минатата година, во напор да ги спречат пиратите да киднапираат бродови, но се чини дека пиратите успеваат да се пробијат и да ги избегнат крајбрежние патроли.

XS
SM
MD
LG