Во најголемата американска база во близина на Багдад, Обама ги пофали војниците за помошта Ирак да застане на свои нозе и најави дека наредните 18 месеци се од клучно значење.
-Време е за транзиција, Ирачаните да преземат одговорност за својата земја и суверенитетот, рече Обама.
Американскиот претседател се заложи поголемиот дел од војниците да се повлечат до крајот на 2010-та. Обама Во Багдад пристигна само неколку часа по експлозија на бомба во која загинаа најмалку осум лица – потсетник дека насилството продолжува, шест години по американската инвазија. На средбата со ирачкиот премиер Нури Ал-Малики, тој ја повтори американската заложба за ирачката стабилност и суверенитет. Обама, кој се сретна и со ирачкиот претседател Џалал Талабани, го поддржа помирувањето меѓу политичките фракции во земјата и рече дека е апсолутно важно сите Ирачани да бидат интегрирани во владата и силите за безбедност.