Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вели дека бројот на загинатите од земјотресот што ја погоди Италија, сега изнесува 260 лица, а последователните потреси придонесуваат за натамошен страв меѓу жителите.
Италијанскиот лидер истакна и дека преку 17.000 лица се без покрив над главата и во моментот се во шатори во разурнатиот град Аквила. Берлускони рече и дека 16 од загинатите биле деца.
Во меѓувреме, продолжуваат спасувачките напори за пронаоѓање на преживеани во Аквила како и другите погодени делови од овој планински регион.
Папата Бенедикт најави дека планира да го посети местото на настанот што е можно поскоро, а претставници на Ватикан изјавија дека тоа може да се случи по Велигденските празници.