Линкови за пристапност

Обама во ненајавена посета на Ирак


Американскиот претседател Барак Обама беше во ненајавена посета на Ирак, истакнувајќи дека во земјата има „уште многу да се стори.“

Тој во Багдад допатува од Турција, само неколку часа откако во главниот ирачки град, од експлозија на автомобил бомба загинаа осум лица. Ова е потсетник дека и по шест години од американската инвазија, тензиите се и натаму присутни.

Обама се сретна со американското воено раководство како и со трупите во кампот „Виктори“. Тој беше бурно поздравен од војниците кога изјави дека Ирачаните треба да ја преземат одговорноста за судбината на својата земја. Американскиот претседател додаде дека наредната една ипол година ќе биде клучен период за мисијата на САД во Ирак.

Тој во воената база се сретна и со ирачкиот премиер Нури ал-Малики и претседателот Џалал Талабани. Обама притоа истакнал дека САД силно го поддржуваат политичкиот начин за изнаоѓање на решение за актуелните проблеми во Ирак.

XS
SM
MD
LG