Линкови за пристапност

Раул Кастро се сретна со американска конгресна делегација


Кубанскиот претседател Раул Кастро се сретна со група американски законодавци – негова прва средба со американски владини претставници откако стапи на функцијата.

Кубанската државна телевизија емитуваше снимки од вчерашната средба на Кастро со членови на Претставничкиот дом од редовите на Демократската партија, предводени од конгресменката Барбара Ли.

Државната телевизија не даде детали за тоа што било разговарано на средбата, но од канцеларијата на конгресменката Ли беше соопштено дека целта на посетата била да се дискутира за билатералните односи, трговската и културна размена.

Вишиот советник во Белата куќа Џефри Давидов изјави дека претседателот Барак Обама наскоро ќе ги намали финансиските ограничувања и рестрикциите за патувања во Куба, како дел од ревидираната американска политика спрема оваа комунистичка земја.
Давидов додаде дека не би бил изненаден доколку промените се случат пред отпочнувањето на Сеамериканскиот самит што наредната недела ќе се одржи во Тринидад и Тобаго.

XS
SM
MD
LG