Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предлoжи реформа во начинот на купување ново оружје и најави и серија намалувања на трошоците во буџетот на Пентагон за наредната фискална година.
Претседателската хелихоптерска флота, програма која со предвидени 11 милијарди е за 5 милијарди долари над буџетот, е меѓу проектите кои Гејтс предлага да се укинат. Тој подвлече дека парите треба да бидат потрошени на вистински закани и области каде САД треба да се доусовршат, а не на нереални, потенцијални закани.
Гејтс рече дека лансирањето на ракетата од страна на Северна Кореја покажува дека непријателските закани со проектили од страна на непринципиелни држави се реални.