Линкови за пристапност

Последователен потрес во Италија, расте бројот на жртви


Последователниот потрес го погоди местото Аквила во централниот дел на Италија, каде бројот на жртви нарасна над 200. Повратниот удар со јачина од 4,9 степени се почувствувал на преку 100 километри оддалеченост од Рим.

Спасувачките екипи во Аквила и натаму трагаат по преживеани.

Премиерот Силвио Берлускони вели дека засега има 207 загинати, а 15 се водат за исчезнати. Од урнатините досега биле извлечени 150 лица.

Берлускони кажа дека никој нема да биде оставен во оваа катастрофа. Тој ја откажа планираната посета на Русија и прогласи вонредна состојба во планинскиот предел Абруци, каде земјотресот причини и огромна материјална штета.

XS
SM
MD
LG