Линкови за пристапност

Стејт департмент:  граѓаните и властите во Македонија заслужуваат пофалба за изборите


Американската влада со честитки и пофалби за граѓаните на Македонија на заокружувањето на локалните и претседателски избори.

- САД им честитаат на луѓето во Македонија на вториот круг на претседателски и локални избори на 5-ти април. Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори, изјави портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Гласот на Америка на македонски.

Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни сепак посочи на прелиминарната проценка на ОДИХР на ОБСЕ дека двата круга на гласањето исполниле поголем дел на заложбите и стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа.

Американската влада по повод изборите ја повтори заложбата за евроатлантска интеграција на Македонија.

-Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, за да и` помогнеме на Македонија да постигне целосна евроатлантска интеграција, колку што е можно поскоро, рече Лејни.

XS
SM
MD
LG