Лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат ги повика ОН да преземат поактивна улога во решавање на повеќедецениското прашање за поделба на Кипар.
Талат ова го изјави по денешната средба со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Париз.
ОН се медијатор на разговорите меѓу лидерот на кипарските Турци и неговиот грчки колега, Димитрис Кристофиас.
Најтешките прашања ги вклучуваат несогласувањата околу правата за имот и раселувањето на локалното население по турската инвазија на островот во 1974 година.
Обете страни во неодамнешните разговори, спорот со имотните права го ставија настрана и како начин за излез од ситуацијата, се фокусираа на прашања поврзани со ЕУ.
Турција има аспирација да стане членка на Унијата, но Грција, како членка со право на вето, вели дека ќе го поддржи влезот на Турција само доколку биде решен 35-години стариот територијален спор.