Линкови за пристапност

Само во Америка: Хостели за постари 


Одвреме-навреме, објавуваме прилози за смртта на некоја интересна личност за која веројатно никогаш не сте слушнале. Марти Нолтон, кој почина на 13-ти март на 88-годишна возраст, е еден од нив.

Генерации млади Американци имаат патувано особено во Европа, како и во други места ширум светот, за да се „издуваат“, како што би рекле, да запознаат луѓе од други култури и да научат нешто повеќе од историјата.

Малкумина од овие млади имаат доволно пари да престојуваат во хотели и пансиони, заради што алтернатива бараат во евтини хостели. Таму собите се за повеќе лица, бањите се заеднички, исто како и кујните и списанијата што се на располагање како четиво.

Во 1975-та Марти Нолтон бил директор на ваков хостел во рамки на Универзитетот Њу Хемшир. Нолтон имал 55 години и како и неговите млади гости, тој и неговите пријатели уживале посетувајќи различни дестинации во светот. Нолтон минал неколку години патувајќи низ Европа, кога се запрашал: Зошто да нема вакви ефтини хостели, и за постарите луѓе, како него? И не само тоа, туку и: Зошто овие локации да не нудат и образовни програми? И постарите сакаат нешто ново да научат!.

Така се родила идејата заедно со неговиот пријател Дејвид Бианко, Нортон да започне синџир на хостели за постари, под називот „Елдерхостел“.

Денес, секоја година, преку 100.000 лица на 55-годишна возраст и постари, понекогаш придружувани и од помлади, учествуваат во прогамите на Елдерхостелите, не само во американските сојузни држави, туку и во други земји. Како дополнение на пристапните цени за престој, овие програми нудат оброци, предавања, курсеви за јазици, екскурзии со водич, дури и медицинска грижа.

XS
SM
MD
LG