Линкови за пристапност

Нова армиска телефонска линија за помош на  ветераните и нивните семејствата


Многу одвојниците вратени од бојни полиња страдаат од емоционален и психолошки стрес. Некои имаат дури оштетувања на мозокот, а многу од нив не можат лесно да се адаптираат на цивилниот живот. За да им се помогне на овие лица, американскиот Оддел за одбрана воспостави телефонска линија која ќе биде отворена 24-часа.

Армискиот генерал Лори Сатон е директор на Центрите за психолошка грижа и траума на мозокот при Одделот за одбрана. Таа вели дека откако неодамна е отворен центарот, пристигнуваат повици од целата земја, и од светот.

„Ни се јавуваат војници, морнари, луѓе вклучени во авијацијата, маринци и граничари. Нудиме помош за сите кои страдаат, зашто можеби мислат дека се единствени со таков проблем. Сакаме да им порачаме дека не се сами", вели Сатон.

Не се само војниците и членовите на нивните семејства тие што бараат помош.

„Имаме повици и од лекари, медицински сестри, научници, наставници, клисари и загрижени граѓани, мајки и татковци. Тука сме за сите кои имаат прашања, кои сакаат да бидат дел од нашите напори, да ги поддржат оние кои им значат во животот, да ги поддржат мажите и жените во униформа, како и нивните семејства", вели Сатон.

Од конфликтите во Ирак и Авганистан, меѓу 10 и 20 проценти од американските трупи добиваат позитивни резултати по тестови за конфузија или трауматско оштетување на мозокот, депресија или само загриженост.

Од отварањето на Центарот за помош во јануари, вели Сатон, добро обучените советници помогнале на стотици војници кои се вратиле од Ирак и Авганистан. Сите имале проблеми со транзицијата од еден начин на живот во друг. Еден војник, вели Сатон, рекол дека е многу тешко да преминеш од ситуација кога си мета во ситуација кога живееш нормално.

Проблемот на транзиција, вели Сатон, може да се однесува и на адаптација на наједноставната домашна рутина. Таа вели дека повеќето од новите ветерани се жалат на несоница.

Генералот Сатон вели дека за таквата транзиција од бојното поле на секојдневниот живот може да треба долго време. Таа се надева дека Центарот за помош ќе пружи поддршка и надеж за сите на кои таа им треба.

XS
SM
MD
LG