Линкови за пристапност

Американската невработеност највисока за последниве 25 години


Невработеноста во САД нагло порасна во март, достигнувајќи највисоко ниво за последните 25 години.

Во денеска објавениот извештај на Одделот за труд се вели дека стапката на невработеност скокнала четири десетини од процентот и достигнала 8,5 проценти.

Забавената американска економија има нето загуба од 663 илјади работни места во текот на месецот, при што особено е погоден производствениот сектор.

Најновите бројки покажуваат дека од почетокот на рецесијата, наваму, загубени се 5,1 милион работни места.

XS
SM
MD
LG