Претседателот Барак Обама го пофали американскиот Конгрес за усвојување на буџетот од 3,5 трилиони што ќе му помогне да работи на неговата амбициозна агенда.
Законодавците во Сенатот и Претставничкиот дом вчера ги одобрија и придружните буџетски планови по партиски линии.
Обама објави соопштение во кое вели дека Конгресот презел важен чекор кон повторна изградба на забавената американска економија. Тој кажа дека буџетот ги опфаќа неговите клучни приоритети, вклучувајќи промовирање на енергетска независност, чиста енергија, поконкурентен образовен систем и реформа на здравствениот систем.
Претставничкиот дом го одобри буџетот рано во четвртокот без ниеден глас на поддршка од републиканците.
Сенатот усвои слична верзија подоцна во четвртокот, во гласање што исто така беше поделено по партиски линии.
Усвоениот документ за буџетот е всушност план за трошоците што ќе бидат детализирани во легислатива подоцна годинава.